Да ја отворев уште тогаш таа врата и да го минев нејзиниот праг јас ќе ја задржев посилно во меморијата на мојот живот таа храбра таткова Мајка, Хазбије анм со силен инстинкт низ своето постојано жртвување во животот да ја спасува својата рожба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Затоа Климент Камилски веднаш помина на главното за поимот курбан во своето реферирање: Зборот курбан кој е со балканска судбина и е преземен од турскиот јазик, означува ритуално жртвување во чест на Бога, односно колење бравче или говедо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)