Големиот
Бинг-Бенг.
... ноќе се урива
Ја точиш, ја преточуваш секоја ноќ
саноќ - душата
тури - истури
ко расолница, да не фати скрама
извади - стави чиниш
дење ѕидаш, ноќе се урива
погрешно, некој ти урива
насетуваш, не казнуваш
разоружана
се повикуваш на паганските обичаи
па христијанските
според темните диктати на свеста
даваш жртва
најмилото е најпожелно
волјата е Господова
зошто и твоја
мора ли и твоја
употреби го умот
кажи си
надмудри го рушителот
тоа е единственото решение
во тебе, во умот
и уметноста
на мислењето ...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)