Андон провери и виде дека многу навлегле, а жицата од мадемот престанала, та му рефериса на Ѓузепо и овој дојде да се увери.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во последно време никој не може сосема да е на јасно Која посока ја фатиле Македонците и во која ѕвезда зјапаат Секој има право да си зјапа кајшто сака И безбели ќе биде најдобро да се остават Македонците Ем да се изназјапаат ем да си ја надат посоката Ем да им пукаат гласните жици од патриотски песни
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мозокот беше издупчен и изваден од своето коскено лежиште, нервите извлечени, како мртви жици од контролна плоча, мускулите истегнувани за да им се измери еластичноста, додека во подземјето на градот, Умот конечно не заврши со своите пресметувања и севкупниот механизам чудовишно и одненадеж не застана. Резултат. Ова се луѓе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Исто и добриот примаш - си го знае ли занаетот, игра ли мајсторски со гудалото по жиците од виолината, - никој не праша, дали му е кадрава косата, дали му се бели забите, и дали му е колосана кошулата, - кај него е главна музиката.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сребрената жица од милост и добрина, му се завиткуваше полека околу гушата, и колку тој повеќе наоѓаше оправдување за секоја мана на луѓето, и колку полесно им проштеваше, толку жицата сѐ повеќе се засукуваше и сѐ поблизу му се стегаше околу гркланот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)