Ја гледа Богдан сликата и пред очите му излегува тој жежок јулски ден: гори полето под врелото сонце, а тој со мајка му и со другите аргати од селото жнеат жито во нивјето од кметот на селото; се исправаат повремено за да ги ублажат болките во превитканата половина, да ја избришат потта од лицето и да му се подзавртат со грбот на сонцето што ги дупчи в глава, што им го зовира мозокот, зашто нема каде да се засолнат, да се подзаскријат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А кога навечер ќе се вратеше, истрчував да го пречекам, навреме портата да му ја отворам и на ѕевгарот кога во дворот влегуваше исачена од патот да сум му, пак да се прекрстам, чест на ѕевгарот и на домаќинот да им направам, на Бога благодарна да му бидам што ми го врати човекот здрав и жив и што ќе ни ја има на ум нивата полебно жито во неа да се стори.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Потемно розе, и посветло розе, вино и жито во облакот што ја шири душата и се истура во самофалба и топлина. Розето ја сврзало мојата волја со слободата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)