животно (имн.) - на (предл.)

Зошто удрија новите победници на козата, на светото животно на сиромасите на Балканот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Загледани, маѓепсани во светлината на неговото догорување, во тоа огромно смирено животно на животот, ја внесуваме неговата топлина преку кожата, со погледите од најдлабоките корени на нашите сеќавања и повиците за помнење на оние раскажувачи на ноќта, седнати околу огнот со засукани ракави.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Зборувај Илјадници и илјадници години, честит царе, умираат луѓе и пцовисуваат секакви животни на земјава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тегот за хартија беше собата во која се наоѓаше тој, а коралот беа животните на Џулија и неговиот, фиксирани во некој вид вечност во срцето на кристалот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И уште малку де-конструкција: дури ни црната боја (дури ни мракот овде!) на кориците во првите пет броја не успеа да остане сјајна под вашите похотни прсти; некои графички прилози беа со лош квалитет поради тоа што нашето сканерче “фаќа” само 300 точки на инч (и воопшто, за уште покомплексен графички изглед секогаш недостасува уште покомплексна компјутерска опрема); некои текстови беа испечатени со непријатно ситни букви; не секогаш можевме да дојдеме до оригиналните текстови, па бевме принудени да користиме посредни преводи; најавените содржини за следниот број ги одложувавме за оној по него (така и сега: Бодријар, Гринавеј и тематот за Преведување ќе се најдат во следниот, октомвриски број); делумно бевме неправедни кон матичното животно на чијшто грб сме, Сорос-носорогот; итн. (допиши по желба, и конечно ковертирај и прати, ти бескрајно апатичен (“)маргиналецу(“)!)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)