Видовитиот Дмитар-Пејко сепак знаел како изгледа она што другите не го гледаат и знаел дека од дебелата 'рскавичавост на животното се одбива семоќен ветар и паѓа врз нив разбиен во капки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби и ги стискале клепките иако можеле да догледаат дека низ порабен облак се покажало крајче зимурлава месечина. Бездруго со изѕемната муцка на бескуќен никаквец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но, парадоксот тука лежи во фактот дека самата идеја за заштита на животните се појавила дури откако законот почнал да ги третира како сопственост!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Или, како што гласеше еден партиски слоган: „ Проловите и животните се слободни“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Едниот рог заорал по тврдата земја. Животното се обидело да воздивне воздух и да го отфрли од своите ребра мачителот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под прстите му се лизнала леплива топлина без мирис и без боја под неговата сенка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе им објасни дека во вакви жештини секакви животинки се ведат во водата па може да се изразболи добитокот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)