Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кулик така е заговорник на нова агрокултурна револуција, која ќе донесе нова симбиоза помеѓу човекот и животното; тој сака да ја ограничи човечката популација на третина од сегашниот број за да се воспостави нова рамнотежа во биосферата; но, посебно, тој сака да ги поттикне истражувањата на психологијата на животните кои би резултирале со нов дијалог меѓу животните и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ќе живееме во тој свет кој за нас ја поседува сета вознемирувачка необичност на пустината и симулакрумот, со својата веродостојност на живи фантоми, скитнички и симулирачки животни кои што капиталот, кои што смртта на капиталот ги направи од нас - бидејќи пустината на градовите е рамна на песочната пустина - џунглата на знаковите е рамна на шумската џунгла - занесот со симулакрумот е рамен на занесот од прородата - останува уште единствено омамува чката заводливост на еден умирачки систем, во кој работата ја покопува работата, во кој вредноста ја покопува вредноста - оставајќи некој недопрен простор исполнет со страв, без проодени патеки, непрекиден како што го замислил Батај, каде што само ветерот го подига песокот, каде што ветерот бдее над песокот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од другата страна, на планината Кара Дак кај што обитува мојата сенка, постои село Бродец, а во селото Бродец постои Брод, во кој се собрани сите животни кои Господ ги создал поред Потопот, а со Бродот управува Утнапиштим дален, а кој вие го знаете како Ное.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сојузот помеѓу едно домашно животно кој трае веќе миленуми и на човекот природно му се наложува.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Припитомена меѓу првите животни од човекот во рајските градини на Месопотамија, козјата трагедија, според Жан Домек започнува по Француската буржоаска револуција во 1789 година, кога во името на прогресот, започнува борбата против козите, како животни кои, уништувајќи ги шумите и цветните градини во Франција, ја загрозуваа цветната иднина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
се информирам за рускиот убиец кој распарчил стотина жени и деца; за животни кои реагираат на UFO сигнали; за тоа дека JFK е жив; за тоа дека најслабата жена на светот во моментов е трудна; дека човекот замрзнат во 1936. година оживеал;
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)