- Зошто да ни биде, - се зачуди Бреза, - нели животни има само во зоолошка градина и тие се затворени во кафези!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Животното имаше жолти вкочанети очи кои копнежливо се мачеа да се затворат.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Мислам дека секое животно има убави и чисти очи како дете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)