живот (имн.) - дека (сврз.)

Но тоа ќе биде трагичното враќање од егзил на десетици илјади Палестинци на чело со Арафат. Но дали постои враќање од егзил?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поетот Махмуд Дарвиш не веруваше во својата поезија- живот дека постои враќање од егзил. Тој својот раиз ќе го напушти на овој пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што е заклучокот, животот дека настанува од живот, сè што е материја е производ од животот, Животот е енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гледајќи ја Изабел заклучив по којзнае којпат во животот дека Французинките се навистина елегантни, знаат да ја ускладат облеката и многу се шармантни.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Доцна ми стануваше јасно во животот дека револуцијата, покај примамливата дијалектичка патетика која те привлекува во младоста, во доцните години на животот принудува да се соочуваш со нејзината метафизичка завршница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)