Тоде вели: Ако ние, Акиноските, некогаш одамна сме го започнале животот овдека во Потковицава, а тој во меѓувреме и нас нè испусти и сам се запусти, ние и ќе го обновиме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сите форми на општествениот живот овде завршуваа или во „повеќепартиски монизам” или во „еднопартиски плурализам”, што се само политички маскирања на еден непридвижлив патријархален авторитаризам.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Јас го погледнав стрештено, оти првпат бев чул некој друг освен мене да верува во такви сказанија и измислици како што се минати и идни животи овде, на земјава, пред да се упокоиме засекогаш во царството вечно Негово, во станот небесен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Ах, клетиот“, заплака жена му, „затоа тој се влечеше и не сакаше да умре...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе се отргневме од овој проклет живот овде...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Читајќи ги тие книги, дознаваше дека, всушност, не постои никаква граница меѓу животот и смртта: сеедно е дали овој живот овде го живееш или оној другиот горе: никаква разлика во тоа нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мисли Зоки Поки, ги преметкува сите поединости од животот овде, па кога така ќе ги разгледа работите, некако полесно му доаѓа.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
„Тоа мора да е чудесно чувство, да се има уште еден живот овде.“ „Мене тоа ми се чини страшно,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Можеби,“ рече. „Страшно и едноставно, како и менструацијата, првиот чекор кон станувањето мајка,“ рече, потстана со мака, ја испружи несигурно едната нога како да ќе зачекори, а всушност ја остави да лебди ниско над подот, а потоа пак седна на столот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа, во сликите кои ги гледаше во каталогот, во сликите на едно друго време и на друга земја, си правеше семожни споредби, извлекуваше упатни заклучоци за животот овде, а не некаде другаде.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)