Нешто како топол ветер кој се појавува да згрее тогаш кога во животот најмногу студи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, сепак, имаше повеќе претпоставки за можниот одговор: дали затоа што Татковиот живот најмногу прилегаше на лавиринт со сите ќорсокаци на судбината на Балканот, со сите предизвици и илузии на егзилот и неговото елиминирање?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И оттогаш, секогаш кога животот носеше студ од кој ми се смрзнуваше душата, јас му се надевав на оној топол ветер како на мелем.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)