Но жицата Кузман од животот негов ја скина: судбата таква му била!. ..
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Стариот го чуваше и се подгордеваше, им раскажуваше на пријателите за виорливите денови од војната, најзанимливата и врвна точка во животот негов.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А притоа знаев дека неговото службено место е поткрепено и со посебни овластувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На ќерките: на првородената Царјанка и на другите по неа, им претскажа добра судбина, но не ја виде во нив онаа желба и радост: да има наследник, машко, син, што ќе ја наследи и продолжи лозата, коренот, и што за животот негов не ќе му се исполни желбата за го види сиот брег свој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Веднаш сфатив, оценувајќи ги внимателно размислите, дека во овие нови околности на нашиот живот неговата силина и машкост многукатно се имаат зголемени со оглед на местото и положбата што ја заземаше во извршната власт.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не, тоа останало постојано тука, постојано во некакво милкање околу фатената мечка, во некакво дошепнување со неа, во некаков плач во сите негови движења и врткања околу неа, врзано за неговата стапица многу поцврсто преку млекото и преку крвта, отколку што може да се врзе за секаков синџир, врзано преку сè, што имала уште допрва да му покаже нему за животот неговата мајчица, пред да може да го остави само меѓу тие буки, во тие гори, во таа дождлива есен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)