И тоа има право на живот. Ти имаш право на живот моја Азра.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Само тој што ја има силата да ги претвори во живот моите, твоите, нашите надежи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Навистина, кога ќе се појавиш ти топлината доаѓа, навистина, кога во очи те гледам светлината ми приоѓа, вистина е сликата пред очи која не исчезнува, доброто го чувствувам, другиот темен крај засекогаш што вознемирува избледува, зрак на нежност ме облива сине мој, во прегратки се насмевнуваш, засекогаш тука затреперуваш, косите ги милуваш, ти живот мој си и вечна вистина, за напредок мој инспирација и причина, патник од мојот почеток до крај, иако се уште не знаеш, навистина.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Но, јас пак ќе те чекам во сонот,живот мој, одтаму неможеш да ми побегне ликот твој.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Во целиот преостанат дел од животот длабоко во мојата свест одекнуваше синтагмата - нема враќање од егзил, нема враќање од егзил, нема враќање од егзил!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бев така предодреден да ги барам во животот моите сопатници во егзилот за кои немаше враќање...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)