Навистина, живот треба да се зема, но живот што не го огреало сонце не е живот и нема голем грев.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Рецепт за живот Треба да биде како правење сутлијаш. Прво да се остави да зоврие, да се возбуди, да избие.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Балканството останува утопија, но секој во животот треба да го направи својот чекор кон можниот излез.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Арно ама, за сè во животот треба да созрееш.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Толку беше задоволен што во еден момент потсмевно си рече: Можеби во животот требаше да бидам шпион.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во ова сакам да бидам дециден, се додека сметаме дека театарот и театарскиот живот треба да го темелиме врз партиски заслужни личности, се дотогаш ќе го осиромашуваме театарскиот израз, а пораките ќе ни бидат без значење.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Пред некој ден, дошол кај мајка ми и се обидел да и објасни дека во животот треба да се трудиш да станеш актер па, како што вели Дидро, да се стекнеш со способност за вештачко чувствување што би те довело до „возвишено мајмунисување“, то ест да се здобиеш со способност за спознавање и имитирање на секакви карактери.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Животот треба да се прави, се присетуваше, а луѓето, па на луѓето треба само да им се помогне, човече.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Човек во животот треба сам да си биде златно рипче и да си исполни три желби.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Татко ни велеше дека уште од најраните години на животот треба да ја учиме уметноста на читањето, таа најсилно се создава во детството за да посилно ни се поврати во залезните години на животот. Така никогаш нема да останеме сами во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- И за смртта како и за животот треба да се има разбирање, посебно во моментите кога се наоѓаме во просторот во кој имаме можност да ја набљудуваме и да ја третираме смртта како неминовност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не можам во неа да согледам или да препознаам некоја друга вредност покрај неминовноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- А во животот треба да инсистирате токму на чистотата - му реков на командирот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тоа всушност не е ничија грешка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Животот требаше да продолжи. Секој ризик не се исплатува.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Маргина 35 83 Секоја чест Секоја чест на големите херои од највисока национална класа што светли страници испишале врз мрачниот историски палимпсест во споменарот од нашата трајна свест што низ векови текови трасирале сé дури брегови не им подрониле та не само образот туку и мозокот ни го обелиле Секоја им чест и слава им вечна но венецов мој од зборој дребни го положувам крадешкум понизно и тихо - молчешкум врз гробот од Јунакот Незнаен 84 okno.mk Еднаш во животот Еднаш во животот треба да се родиш еднаш млекото мајчино се цица еднаш јазикот роден се учи велат и еднаш се сака (многупати се мрази) еднаш на гурбет се ака. . .
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Жими верата ти велам, со животот требаше да ми платиш, па сега како знаеш одборчувај му се на Дика...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сега овие две најзначајни патувања од нејзиниот живот требаше да се ослободат од наслојките на носталгијата, од соништата, и да се соголат во нивното „политичко” и „историско” значење, во времето на збиднувањето, па сè до годините на егзилот на нашето семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ако заминете во туѓина и ако ве стрефи голема невола, ама тоа само еднаш може да се случи, кога живот треба да се спасува, употреби го овој златник.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во ова сведочење судот превиде дека овие наводни очевидци немаа никаква потреба да бидат а, згора на сè, и воопшто не беа присутни во просторијата каде се одвиваше работата и отстранувањето на 199 дефектот, односно отпушувањето на затнатото црево на машината за малтерисување со помош на армирана шипка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По завршувањето на доказната постапка, судот, по одржано- то советување и гласање во октомври 2009, со меѓупресуда,5 го одби тужбеното барање на Јакшиќ за надомест на штета како неосновано затоа што тужителот, наводно, самиот – поради својата небрежност – се довел себеси во состојба на ризик по неговото здравје, а доколку сметал дека таа задача е опасна по неговиот живот требало да одбие да ја изврши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)