Дека продолжува чекорењето на нашата навика и тогаш кога ќе утврдиме оти за некого од нашите сакани застанало времето? Не сум сигурен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во оној миг кога лагата ќе допреше до нејзината свест, Криста само климнуваше со главата, замолкнуваше, и животот продолжуваше. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тогаш јас прв пат почнав да прашувам за душите човечки, дали животот продолжува во смртта или смртта во животот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во времето кога луѓето сѐ уште верувале дека земјата е рамна како плоча, во времето кога тие трепереле при помислата на Страшниот Суд, се плашеле од пеколот и му се надевале на рајот, во секој од градовите било вообичаено одвреме навреме лудите да бидат заробени во кафези и да бидат однесени на плоштадот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)