Ми преостануваше да трагам по миговите кога овие два живота биле најблиску еден до друг, кога биле подготвени да се слеат во една заедничка мисија што им ја наметнувала историјата, но, неочекувано, се разделиле, небаре според некој договор што остана голема тајна засекогаш.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Изгледа токму тоа е, бидејќи целиот нејзин живот бил само бура што носи и однесува, потоп и несигурност, а на кои секогаш им пркоси верувањето го носи и го праќа промислата. Некаква еврејска ли истрајност?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Најдоцна за дваесет години, мислеше тој на огромното а обично прашање „Дали животот бил поубав пред Револуцијата отколку што е сега?“ не ќе може повеќе да се одговори.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нивниот живот бил како патувањето во лавиринтот на арабеска, секогаш во бег во потрага по излез од лавиринтот, споменот за нивното постоење можеби завршил во точката на минијатурата, којашто можеби никој нема да ја протолкува.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нивниот заеднички живот бил концентриран околу водењето активности за младите во нивната црква.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но, тој цел свој живот бил во неприродно друштво, оти, во суштина, не се чувствуваше комфорно во кое било друштво (освен, во последно време, во нејзиното).
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Како резултат на таквата поделба на Македонија и на македонскиот народ, понатамошниот заеднички развој на стопански, културно-образовен и целокупен општествено политички живот бил прекинат, а патот кон денационализација и асимилација на македонскиот народ, широко отворен.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Без исклучок, од страна на сите три нови господари, отпочнала да се спроведува политиката за денационализација и асимилација на македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тогаш ќе знае дека сиот негов живот бил само едно предавство, измама, лага.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Змејко ниеднаш не помислуваше кој од тие два живота бил оној вистинскиот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А кога ќе си го поставам прашањето „од кого бил злоупотребен?" го слушам оној чист и јасен одговор: „од животот!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со право си помислувам: и во овој случај животот бил нејбезобзирно злоупотребен!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Навистина, и животот знае да злоупотребува!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Промените во Милеровото општество и во околностите на неговиот сексуален и емотивен живот биле толку пресвртни, што она што стрчи како бизарно и што плаче за објаснување не се дречливите контрасти со минатото, туку истрајните континуитети – упорните моќ и привлечност на светот на чувството што го познавал пред воопшто да можел да ја претпостави преобразувачката моќ на геј-гордоста, пред воопшто да можел да успее да заземе и да насели некаков геј-идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Цел животот бил градинар во Картагина. Служел во многу градини во Картагина. Во гувернерски, амбасадорски, општински, колонијални и постколонијални.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како што е неприкосновена и приватноста на писмата
Кои ако паднат во рацете на какви и да е неранимајковци
Интелектуални разбојници и булеварски журналисти
Мигум ќе станат јавна наситка На оние кои цел живот биле јалови сонувачи Та не испилиле ниту едно малечко сонче А не пак и толкување и остварување на сончето
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Во малите пошти имало малку луѓе, си оделе сите едни на други в гости, небото било многу широко, речиси и не завршувало.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во малите пошти животот бил угоден, му пишувала Аксја.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во темната балканска ноќ, која се ритмуваше со шумот на брановите на Езерото, Татко ја продолжуваше потрагата по својата балканска Атлантида, која сигурно некогаш била напуштена и среќниот круг на животот бил завршен, а сега нејзиното повторно откривање беше можно во следењето на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Едвај да постои уметник од тоа време чиешто влијание денес би било повеќе пресудно; во таа смисла - во смислата на една неисцрплива величина - можно е да се спореди само со Шекспир.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Филозофот Лудвиг Витгенштајн целиот негов живот бил измачуван од проблемот како да ја опише природата на врската меѓу зборовите и објектите што тие ги претставуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Едно од основните учења на Леонардо, чии што еротски живот бил крајно сложен, гласи: човекот поседува „desiderio“, страст, целиот човек е апарат на страста, наполно сексуално животно кое веќе не може да се ограничува.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)