Една провалија на недостасување на вабање, на зборови и движења, едно вечно неразбирање, едно проклетство на дивината, и уште едно несфаќање на еден нов закон, што сакаше да му го наметне на тоа живинче тој, бидејќи со тоа се нарушуваше законот на остриот заб и на брзите нозе, на она бестрашно завивање и некое скришно, бесшумно и притаено постоење, како што расте тревата, како што дува ветрот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)