жетва (имн.) - и (сврз.)

На тие штички, тој род си ги запишувал родословијата, своите песни, приказни и слова за собитија вистинити и чудесни, истории за видни мажи, за подвизници, појава на опашести ѕвезди, големи потопи и поместувања на земјата, големи жетви и суши и уште многу важни собитија за еден род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А дедо Стамен, кој презимил многу зими, и снежни и суви, кој жнеел многу жетви и добри и лоши, одговори: - Снегот ги штити житата од мразевите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сега е жетва и ќе морам да завршам некои работи околу откупот на житото, - се сети Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По свршувањето на учебната година сите ученици — деца чии татксвци имаа сеидба — тргнаа на работа по жетва и вршење. Тргаа и Нешка со брата си Стојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влегува муштерија, некој брадосан селанец, што нашол најпосле време да се обричи откако помина жетвата и вршењето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)