Малку понатаму се затскрив, како да сум отишла по нужда и ги соблеков пантоланите, ги истресов од калта, но водата беше густа од црвената земја, ги исфрлив опинците и чорапите, па така ги облеков пантоланите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Прво женско во фамилијата на Кривошееви.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога ме виде комесарот ме прекори: Што си дошла само ти, женско во бригадата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Та неоти само Катето е женско во робинките што ќе му го продаде Адем?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога поминаа најубавите години во животот, кога израснаа бајчињата во човечиња - машкото во мажиште, женското во женче полично од мајка си?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
За него ние двете бевме и сме се на светот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)