Почна да се чини дека секој пат кога ќе отидевме некаде да се фаќаме- на задниот чардак кај твојата полу-глува баба, мустаклија Италијанка која седеше пред станот кикотејќи се на репризи од “Ја сакам Луси”; или во собата за рекреација во подрумот на твојата пријателка Џини додека родителите ѝ беа на целоноќно куглање а таа беше горе со тогашниот ⥊ симпатија Брад; или далеку во предградијата, во драјв-ин киното “Огромниот Близнак” за време на таканаречениот Елвис Фест викенд - удавената жена постојано беше со нас. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 182
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Имаше слушано како некои мажи, кои знаеле дека нивните жени постојано ги изневерувале, сепак продолжиле да живеат со нив поднесувајќи ја измамата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Третото копче ти ја разоткриваше чипканата набабреност на прслучето и јас си ја лизгав раката низ дезенираната мрежа напипувајќи ја цврстината на твојата пупка која ми се креваше кон прстите, но ти малку ќе се повлечеше и во позадината на забрзаниот ти здив твојот бакнеж се оддалечуваше и јас почнував посилно да те бакнувам обидувајќи се да те намамам да се вратиш од каде и да беше и конечно, држејќи те како да бев само пријател утешник, те прашував, „што си мислиш?“ иако, се разбира, знаев што ќе одговориш.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ќе се бакневме, усните ќе ти се отвореа и кога твојот јазик на неколку наврати ќе посегнеше по мојот, ти го откопчував првото копче од блузата, откривајќи ти го младежот на дното на грлото кој беше во хармонија со помалата дамка на аголот на усните што јас толку многу ја сакав, а потоа второто копче кое откриваше нежен златен крст - јас секогаш се обидував да го сметам само за моден детал - што се нишаше над расцепот на твоите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)