жена (имн.) - свој (прид.)

Мажот во тие бракови ја задржувал својата вера, а жената својата, додека машките деца ја следеле татковата вера, а девојчињата мајчината...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јапонскиот цар му ја понудил за жена својата ќерка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Наплати ги трите!“ е реченица од сопруг кој ја љуби жената своја, ама и некоја друга едновремено и паралелно, а таа, во моментот кога ѝ ги подавам ќесите веќе му простува, а не му била ни лута, и таа во некоја друга куќа е втора.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш Петар само потсмешливо му се поднасмевна и му рече: „А ти, сину на шаторџија, римски граѓанину, каменувачу Стефанов, ти што се нарекуваш маж, а жена не си допрел од страв да не не можеш да ѝ угодиш, та ги учиш мажите да седат подалку и од жените свои, ти ли се сметаш за подобар од мене?“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку и да беа современи, уште по нешто ги држеше за традицијата; а и ништо необично немаше во тој обичај, сè додека мажите си имаат свој разговор за политиката, а жените свој за козметиката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)