жена (имн.) - ти (зам.)

Јас без плата, а ти со палата јас без покрив, а ти со три ката се колнеш во ќерката, таа малата на крај до балчак ти ја еба мамата Татина миленичка еврата ги спичка со дилерот Лука хорс у вена пука судбина лоша те погоди малер слушам и жена ти имала швалер
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- Тоа ти е исто ко ја да ти дојдам дома и на жена ти да ѝ кажам шо да праи за ручек, а ти да не смееш да писнеш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„Каква беше таа, жена ти? “ праша Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Што, тебе да не ти е лошо на стоката на жена ти!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Значи“, објасни Пере, „ти и жена ти Агна божем не сте биле во добри односи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- А, вистина, на жена ти Златанка што ѝ рече утринава, кога ја остави топлата постела?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Клетвата си е клетва, зошто не пазеше? Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Знаев дека ќе бидеш умен. И ти си умен, ама и жена ти си ја наградил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако ја поведеш и ти жена ти, тие двете заедно ќе се бањаат, ќе зборуваат и ќе се исповедаат по женскиот обичај, и жена ти може после да ти расправа сѐ што ќе ја прашаш за Атиџе.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гараж–сеил – у превод ”бувљак пред шупа”. Се организира со цел да се отарасиш од ствари што не ти требаат или не ѝ се свиѓаат на жена ти.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Овде комшиите не галамат, не се дерат по улица, не мењаат уље на тротоар, не перат теписони на паркинг, не буљат у жена ти и ќерка ти, не тресат теписи на тараби, не се собираат на купчиња у недела од сабајле... Не постојат ни маалски ѓурултии.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Жена ти ја касна змија“. „Ја касна? Каде?“ „Во ногата...“ „Ах, како не ја касна за јазик!“ ивика Полин и стана да ја бара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што не ја земеш и ти жена ти подрака? Отидете некаде на музика.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ДИМИТРИЈА: Ај тебе жена ти ќе те утеши, кој да ме утеши мене што ве родив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- А, вистина, на жена ти Златанка што ѝ рече утринава, кога ја остави топлата постела? Дека ќе одиш на зајаци, нели? Гласот долго му беше потсмешлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еден ден Илко одби да јаде. Му рече на Мил: - Синко, жена ти сака да ме отруе... - Да те отруе?!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А кога си отиде докторот, му рече на Мил: - Вистина ли е, синко, дека жена ти голтнала змивче? - Не, татко, не го голтнала...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)