жена (имн.) - остане (гл.)

Кој како честиташе од мажите така се прибираше во дневната околу масата, а жените останаа во спалната некои да стојат а други да седат на креветот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По пребегувањето во Албанија, мажот ѝ умре, и жената остана сама со девојката.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Неколку мига жените останаа неми, без збор. Потоа една се наведна и го крена прстенот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жената остана така да се крсти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Жената остана малку вчудовидена и веќе не знаеше што да рече, но веќе и пристигнаа во Струга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)