На неговите зборови трите од жените истрчаа кон еден ќош и ги зедоа обесените на ѕидот две дајриња, a харфата заѕвони ориенталска арија за игра. – Халиле, оро – извика кадијата и погледна во една од тие што стоеја околу постелата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Само што избегала од куќата, таа жена истрчала колку што можела и не можела кон куќата каде што живеел нејзиниот поранешен маж со жената и детето.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)