Си чул ка велаат машките: „Жената имала седумдесет и седум рани за лекување", та и ти размисли ли?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не само што една жена има 2 мушкарци туку има и жени шо имаат по 4-5 мушкарци, а овие абер немаат за тоа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Или: жените имаат иста клавијатура, само на секоја различно се свири.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дедото од првата жена имал две ќерки, меѓу кои и мајка му на Стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И жени имаше надојдено.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Да прашаш за Димитрија Жандарот. Што жени имам превртено.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Затоа пак светот женски крај огништето, павта и везден ја разгорува силата на жарот што тлее, оти огинот сам пат си отвора: додека сѐ пепел да се стори, за жената има надеж.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Жената има секогаш нешто за чистење, па мораш некаде да избегаш, да се подзакриеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не можев да сватам колку жали а колку е задоволна од фактот дека открила оти проблемот на исхраната кај жените има поинакво значење од она кај мажите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се разбира дека ја исмејав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Тоа што нашите жени имаат крст меѓу веѓите, ни остана од старо време, од времињата на Јанинскиот Паша.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во тие мигови кои ги минуваше со синот во очите на таа жена имаше чудесна живост, и во старечките усни кои говореа, и во движењата на онаа рака која не почиваше на раката на синот, туку нежно и весело мафташе во воздухот, следејќи ја интонацијата на зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледаше во својот син, и како да гледаше во лице подеднакво живо какво што беше нејзиното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пред сѐ - таа жена има сосема нездраво... минато. Потекнува од фамилија на наши политички непријатели - комунисти?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Жената има првостепено значење во одржувањето на семејството на Исток.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)