желба (имн.) - повторно (прил.)

Доживувањето е восхитувачко и раѓа желба повторно да се доживее.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој побегна од моето потсетување во сеќавањето на еден страв од детството, кога се плашел дека ќе ги изгуби родителите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се било изнапишано и заведено црно на бело и тоа неколку месеци пред да почнат посетите на куќата под Сина Скала од бабицата Горица, и пред да се слушне мојот прв плач, таму, горе, под небото, при крајот на август 44-та.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш пак го потсетив на неговата желба повторно да се сретне со својата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите поединости биле грижливо пресметани и уточнети од овие љубопитни поединци па никој и не пројавил посебна желба повторно да пресметува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Мора да сум преспала половина од денот штом немам пријатна желба повторно, сонувајќи, да побегнам“, помислив и добив визија за она што можев заменски да го направам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Колкава желба повторно да го почувствувам!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)