желба (имн.) - ѝ (зам.)

Сите желби ѝ се исполнуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во некои случаи Ворхол им даваше елементарни актерски упатства - „јади полека, како да си даваш себеси време за размислување” (Eat, каде дејството трае 45 минути), или сугерираше траење на дејството (бакнежите во Kiss и фелациото во Blow job мораа да бидат продолжени до крајот на ролната, што траеше 30 минути), или, според зборовите на Вива, „едноставно ве пушташе пред камерата за да немате што да правите” (Вива во Nude restaurant ѝ приоѓа на камерата и сака снимањето да се прекине; желбата ѝ е исполнета).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И во времето што одмина од ланската година кога ѝ ги собраа трите чеда и им нарамија пушки, таа дури сега, за првпат, се опушти, и олесна и единствена желба ѝ е овој миг да потрае, да се одолжи во денови и да се развлече во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во другите рани филмови, протагонистите не се претставуваат толку себеси колку што се израз на некое едноставно дејство кое им е наменето (Kiss, Sleep, Eat) или на задоволството коешто е предизвикано со дејствието врз нив (Haircut, Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)