жалба (имн.) - и (сврз.)

По овој привремен неуспех, а по приемот на писмено изработената пресуда,7 во јули 2009, следуваше жалбена постапка, иницирана од страна на незадоволната Зефиќ, по што предметот стигна до повисокиот Апелационен суд –  Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Конечно, со второстепената пресуда, донесена кон крајот на април 2010, беше уважена жалбата и првостепената пресуда беше преиначена8 во корист на Зефиќ, од страна на повисокиот судски совет (во состав: Љ.Арсениевска – претседател и д-р З.Михајлоски и Т.Дуковска – членови).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Немаме право на жалба и приговор, како што се изрази таа кога ни ја изрече казната.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
и што бех на христиани добро учинила, и кој зло ми чинеше ја не му се љутех и трпех сѐ што ми чинеха лошо, и некои што беха у жалби и неволи — и јас плачех и жалех со них барабар, или некого от греховни работи отвратих, или си задржих јазик от клетви и л’жи и от праздни зборови, — сите мои добри работи видох ги како днеска учинени и се зарадувах.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Второстепениот суд ги уважи двете жалби и го врати решението на повторно разгледување на првостепениот суд, наведувајќи дека од наводите на вештото лице, се гледа дека треба да се извршат други вештачења: да се проври од стручни лица или установа какво е тлото на кое лежи куќата, неговиот геолошко-технолошки состав и колку тоа влијае на нејзиното пукање.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)