Машките геј-културни практики и идентификации (како кампскиот цитат Ritorna vincitor!) се илустрација за кажаново.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но само тој контекст не одредува како дејствуваат геј-културните практики и какви ефекти остваруваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машките геј-практики, значи, се сфатливи во контекст на поширокиот систем на меѓусебно поврзаните културни вредности што колективно ги дефинираат и личниот и општествениот идентитет во рамките на современото американско општество.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Културната практика на машката хомосексуалност честопати се стреми да создаде посебен, дисидентски однос кон хетеронормативните културни вредности, еден нужен и решителен однос кон нивната доминантно сексистичка и хетеросексистичка кодираност, како и да доведе до нивно особено, перверзно рекодирање – односно да ги настрани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)