Цветното декорирање, внатрешното уредување и фризерството се женствени струки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во насловот е концептот. Насловот го поетизира и уметнички го артикулира актот кој најчесто е резултат на една дисперзирана естетика и еклектична филозофија полна со контрадикторности.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А ако машките геј- возачи пројавиле склоност кон фолксваген голф и кон форд проуб, како што се тврди, тоа е така затоа што – како што тоа еднаш го срочи еден мој особено надарен стрејт- студент, упатувајќи на една од оние популарни формулации во кои сексуалните и родовите норми на нашата култура си добиле најјадровит и најрезок, иако одбивен, израз – тоа е така затоа што, вели, тие автомобили се „коли за пички“.330*
Па, тогаш, што има да се прави таква мистерија од логиката на машката геј- култура?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Параноичната естетика и последиците Школа на Арчимболди, Херод составен од детски лешеви (...) Овој култ на лудилото и лудаците не останува ограничен само на забавување со хрониките на настраност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Естетиката и стилот традиционално се женска работа, исто како што политиката, стопанството и спортовите по правило се машки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Гледаме „тројца писари, а сите тројца заедно имаат две раце“, гледаме накази и чудесија, момче „прекриено со пот од бела крв“, застрашувачки суштества од морските длабочини и небески височини, цела една низа на „фасцинирачки пореметувања“. Arcimboldo inverno 232 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Милдред Пирс е „женски филм“, а најмногубројните и најпредадените обожаватели на Џоан Крафорд се жени од работничката класа. („Отсекогаш била поголем хит за жените отколку за мажите“, забележува Дејвид Денби).329
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)