Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Конечно, од сите науки единствено науката наречена естетика во потполност е потпрена на релативизмот... • Што мислите за ангажманот на уметникот во политиката?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)