епизода (имн.) - од (предл.)

За оваа епизода од животот, Рада не му беше кажала ниту збор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мама Кристл смртно се навреди и рече: „Јас не знам откога тоа златото е отровно!?“, на што професор Џеф елаборираше: „Па така во една епизода од Д-р Хаус еден го труеја со злато“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Епизодите од животот на групата Зеро како да се преземени од стриповите на Роберт Крамб.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Земанек ја убедуваше дека е возможно и уште ѝ објаснуваше дека јас таа вечер сум ги довел девојките до ситуација да пукнат од смеење, оти сум ја споил таа акробатска способност со мојата смисла за хумор и книжевност, па сум играл една епизода од Декамерон на Бокачо, во која наивниот и глупав сопруг никако не може да се качи на скалата од таванот, за да ја фати својата жена Петрунела како со својот љубовник води љубов; а не може да ги фати, затоа што не ја потпрел скалата на ништо, па штом се качи, се занишува и веднаш стрчнува надоле, од другата страна на скалата, за да не падне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дефинитивно, бев убеден, ова е нова епизода од Скриена камера.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Помислува на епизодата од легендата за Естер, решителната жена на персискиот крал, по потекло Еврејка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но Елен Лејбовиц, соочена со медиумските црно-бели слики кои ги изнесуваа последиците од задоцнетиот европски дипломатски балет во регионот и раскажаните епизоди од мојата балканска сага, бараше начини, како мојата раскажувачка вистина да се наметне како веродостојна алтернатива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И згора на тоа, пишуваше во написот, Патрик Крисман, кој, поради својата безбедност, треба да живее со постојана заштита од двајца полицајци крај себе, минува еден голем дел од своите ноќи во преведување на двајца автори, еден од Македонија, другиот од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овој настан во дворот на мојот сосед беше поводот да се зафатам со темава бидејќи сметав дека доживувањата на мојот сосед се само епизода од случувањата што имав намера да ги изнесам на виделина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)