Тоа беше веќе обработена епизода во полициската фарса.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
(Тоа воопшто не беше вистина, и јас не знам за таква епизода во Декамерон; и до ден-денес не ја сфаќам смислата на таа импровизација на Земанек, која набргу стана моја реалност, и јас ѝ се покорував, како и на секоја друга реалност!)
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Епизодата во која во една квечерина се појавува Нанчо кој чиниш во раширената прегратка има чиста вујковска љубов спрема внукот, а завршува со фатена вошка од јаката, не ги поматува тие денови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но следеа толку многу разочарувања, толку очај што секогаш кога се појавува мала светлина на надеж, јас повеќе не се осмелувам да им пишувам дека сум среќна поради тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но посакувам сето ова да не се изроди во нова драматична епизода во вашата балканска сага и вашето семејство да биде секогаш безбедно. Елен Лејбовиц
Р.С.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ја уверував дека таа би можела во вашите книги да најде материјал достоен за филозофски промислувања, особено во епизодата во која се раскажува за вашата мајка која ја минува границата за да си го види своето семејство по долгогодишниот егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Минуваше од епизода во епизода, небаре проверувајќи се пред мене, во еден вид исповед дека тој му се ветува на мирот оти мирот на крајот секогаш победува.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Веруваше дека еден ден Палестина ќе биде слободна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мајка, разбирливо, престана да работи во киното „Балкан” велејќи дека сега треба да го надополни загубеното време во куќата и во грижата за нас, децата, особено во однос на нашето школување кое за неа претставуваше нова епизода во мисијата на нашето спасување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Занимливи се, секако, и оние неколку епизоди во коишто се зборува за куферот со двојно дно во кој се сочувани неколку национални знамиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)