епидемија (имн.) - на (предл.)

Бидејќи ваквото шоу е невозможно да се следи подолго време, поради брзата епидемија на вкочанети вратови, на славната компанија Copertone ѝ текна, па проекциите ги организираше над плажите во Калифорнија, промовирајќи ги своите нови лосиони за сончање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како и во филмовите, и во сликите Џарман користи фрагменти од својата лична митологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако сликите поседуваат genius loci - Британија - кадешто Џарман не го испушта од вид ниту викторијанскиот период, империјалното минато, општиот британски конзервативизам, декаденцијата, ксенофобијата и сл., силна е присутноста и на моментните општо-цивилизациски закани: нуклеарни, еколошки, епидемии на сида.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неодамна, Toyota ја користеше оваа пропагандна техника.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Џарман не ги именува. Самите можеме да ја одбереме онаа што најмногу ни се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Прво одлежаа децата, потоа жената и на крајот мајката. Павле јуначки го издржа, на нозе...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само што си отиде тој, пристигна мајката на жената. И, за несреќата, започна епидемија на грип.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа 1919 година, веднаш по завршувањето на болестите кои дојдоа по војната, исцрпена од војувањата, се распадна Австро-Унгарската империја, и ние останавме во она нејзино парче кое оттогаш се нарекуваше Австрија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)