Да имам Карта на Светот
пергамент распнат на ѕидот
да не морам како за детали
да отворам енциклопедии
во секое време
да го имам пред очи
она што ми е при срце.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
При сакањето, ако не ќе можеме да печатиме многу работи на нашиот јазик, затоа пак нашата интелигенција ќе може да послужи како жива народна енциклопедија во која ќе се имаат точни и проверени информации по сите оддели на науката и литературата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)