Сега сите што читаат весници знаат дека некој си полжав од арапско потекло цели четири години бил мртов експонат во еден лондонски музеј, па кога случајно го испрскале со вода почнал да го грицка картончето на кое бил поставен.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Може да се искористи како експонат во следниот перформанс за експресната технолошка историја на втората половина на ХХ век.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Остануваа експонатите во нивната самотија, вратени во оската на нивното реално постоење, по толкуте поместувања со реторичките тиради на водичите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Музејот е збогатен со нови експонати во чест на стогодишнината на Сталин, заедно со Ленин, првиот творец на атеистичките музеи во светот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)