На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Акцентот што се става врз лингвистиката и раните експерименти со механичкото преведување во педесетите години, доведе до рапиден развој на Translation Studies во Источна Европа, додека требаше многу повеќе време оваа дисциплина да се појави во англиските говорни подрачја. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 29
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Пред успешните експерименти со луцидни соништа во лабораториите за спиење доминираше активациско/синтетичката теорија на спиењето.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Истото доживување го имал и Олдос Хаксли за време на својот познат експеримент со мескалинот, додека набљудувал една столица во собата: „поминав неколку минути - или неколку векови - не само лизгајќи со погледот по тие бамбусови ногарки, туку бев и дел од неа - или подобро, бев во неа, или, да бидам уште попрецизен, бев небитие во тоа битие, кое беше столица.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Машината за луцидно сонување користи топлинска, назална проба за мерење на температурата и дишењето, и наскоро ќе се појави на пазарот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Овие експерименти со јадењата дојдоа до ушите на власта, и еден ден го повикаа Полина во началството в град.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)