екот (имн.) - на (предл.)

Во ретката трева се чу екот на чекори од чизми и гласови на луѓето од ракетата што им довикуваа на оние надвор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Некогаш, во екот на градбата, на Куплени Остров имало 1.000 Југословени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Розино и во сета „Розова долина“, во послендите мајски дни, сѐ е на нога, зашто сите се во екот на бербата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во јануари 1898-та, во Франција, во екот на аферата околу капетанот Драјфус, обвинет за шпионажа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Среде чаршијата, каде што беа сите збиднувања и тоа во екот на сезоната.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ваквата тројно и четворно зголемена работна рака и давачки, бараа нова организација на производството и постојан надзор, па Акиноските, за да бидат поблиску до Потковицата, од Солун се преселија во Битола и оттаму, во екот на полските работи, доведуваа сакимии.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)