Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И кога, во чаршијата, од доверливи пријатели, дозна дека на реката што истекуваше од Езерото ќе се градат хидроцентрали, предвидувањата за крајот на патот на јагулите стануваше реалност, во него повторно се разбуди преселничкиот ген.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сите реки ќе проплачат, сите планини ќе се навалат, и езера ќе пресушат...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Широко езерско синило и таа како чун зариен во него; кога сите правеа куќи понастрана од езерото за да не ги лока и подјадува, Бандо тука, на самиот брег, до самата вода ја направи куќата да го слуша нејзинот шум, нејзиното заплискување на ѕидот од куќата и брегот; а кога езерото ќе надојдеше и ќе се разбеснеше, кога ќе почнеше да му ги подлокува ѕидовите на куќата, тој го молеше бога само да не му се урне куќата и да го потфати, а кога ќе се смиреше езерото, веднаш почнуваше да ги поправа и зацврстува ѕидовите. И така постојано.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Добро баба Маре, ќе ја земеме“, ѝ велам и знам што ќе биде следното: „Вода топла има стално, а на езеро ќе переш за дечињата“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Истакнувајќи дека за нив и за биосветот на Езерото ќе зборува Горски, тој истакна: - Нашата Партија мисли секогаш дијалектички, интегрално и материјалистички во поединости.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не го исполни ли ветувањето, другпат езерово ќе го поминеш само со орелски крилја.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
А нам езерото ќе ни се испразни...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)