Во храмот Света Софија, на чии ѕидови запрела светоста, летот на синиот ангел, како симбол на човековото вечнеење меѓу земјата и небото, потоа на поетскиот мост на излезот на реката Дрим од Охридското Езеро, на пат кон морињата на светот во далечната 1978 година се славеше враќањето од егзил на големиот шпански поет Рафаел Алберти, но и другото враќање од егзил на палестинските поети на чело со нивниот бард Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во доцните августовски денови, кога бреговите на Езерото се чудесно обележани од најубавите сончеви залези во светот, поети од светот бараат место во вечниот Парнас, само еден од нив доживува вистинска конгрегација, станува добитник на златен поетски Венец, а во катедралната црква Света Софија, му се приредува поетска вечер, како колективна молитва на поетската вистина на планетата Земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оваа запрашаност ќе го следи поетот, венценосецот Махмуд Дарвиш на заедничката поетска молитва во заедничкото присуство (Рене Шар) на сите обединети гласови на човештвото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На Махмуд Дарвиш таа година народот на Македонија во својот свет храм му го подари најсветото што можело да му се подари на еден поет - неговата тиха сина светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан во враќањето од егзил на поетот во прегратката на човештвото...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Погледот запираше на родното градче Поградец, почетната точка на последниот егзил на татковото семејство во далечната 1942 година, кое оттогаш небаре осудено на припадност на земја без враќање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Многу години по Мајкиното заминување засекогаш, со што заврши семејниот егзил на Земјата, си поставив задача, низ пишувањето, низ предизвиците на сеќавањето, низ малкуте преостанати Мајкини зборови во мене, низ задржаните чувства, миризби и вкусови, поговорки, премолчувања и низ универзалната Мајкина тишина, да се доближам до вистинските причини за нејзините ретки и задржани солзи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)