Покрај ова, прекршочните одредби се дополнети со нов член 19-б каде се предвидува казна од 1000 евра во денарска противвредност за работодавачот кој ќе ги прекрши другите одредби од овој Закон. 81 Во новиот дополнителен чл. 19-в се пропишуваат надлежностите на инспекторатот за труд, кога постои прекршување на работничките права од горенаведените членови 3-б, 3-г и 3-д.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
По добивањето на прегледот, работодавачот кој е обврзник за пријавување на податоците, е должен веднаш на осигуреникот да му го достави прегледот во хартиена или електронска форма согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци. (чл. 9 од ЗИДЗПИО/јул.14) Доколку работодавачот не постапи согласно оваа обврска ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. (чл. 10 од ЗИДЗПИО/јул.14) 55 Оваа небулозна, антиработничка и противуставна одредба, после масовните протести и изблици на револт кај оваа категорија на (прекарни) работници и пошироката јавност, конечно беше укината со чл. 1 од ЗИДЗПИО од јули 2015 година. 61
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со оваа измена, се преуредуваат и прекршочните одредби, т.е. се предвидува глоба во износ од 2.000 до 2.500 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите за сторен прекршок, доколку: 1) неправилно ја подготви пресметката и уплатата на придонесите ги изврши на погрешен износ и 2) постапи спротивно на членот 18 од овој закон (чл. 28-а).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Глобите предвидени за обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, што воопшто не е занемарлива сума ако се има во предвид дека на некои од овие работници им се исплаќаат навистина ниски хонорари.128 127 Закон за изменување и дополнување на Законот за присонеси од задолжително социјално осигурување, Сл. весник на РМ, 113/2014. 128 Со измените од 2015 година се прави дистинкција помеѓу лицата кои се вработени и остваруваат дополнителни приходи по основ на авторски договор или договор за дело и невработените лица кои остваруваат приходи по овој основ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Беше корегирана и ал. 7 од чл. 56 со која е предвидено дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на работодавач доколку не им дозволи на вработените, претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во дискусии за сите прашања кои се однесуваат за безбедноста и здравјето при работата. (чл. 10 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Дополнително беше дополнет и чл. 58 со што се предвиде глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност која ќе му биде изречена на правно лице доколку во рок од 48 часа не го извести органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот и претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените за секој смртен случај, колективна несреќа и повреди при 97 работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена како и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја згрозува безбедноста и здравјето на вработените.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Рокот кој се предвидува е премногу краток, а казните доколку овој рок не се испочитува се премногу рестриктивни и високи и истите се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исто така се намалуваат прекршочните одредби кои се однесуваат на работодавачот т.е. од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност се намалуваат на 2.000 до 3.000 евра, ако не обезбеди средства за плата, придонеси од плата, надоместоци, надоместок за услугите за посредување и пресметка за плата и придонесите од плата и не ги исполнува обврските во поглед на заштита при работа на отстапениот работник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Глобите во овој закон се движат помеѓу 7.500 до 15.000 евра во денарска противвредност за функционерот кој ќе прекрши конкретни одредби од Законот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Корегиран е и чл.13 при што за истиот е предвидено дека работодавачот при изборот на опремата за работа е должен да ги консултира работниците, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативен синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа. (чл. 11 од ЗИДЗБЗР/окт.13) Дојде до проширување на прекршочни основи (од 10 на 11) за работодавачите правни лица, па така се предвиде глоба од 5.000 до 8.000 евра доколку не постапат по решението на инспекторот за труд и во определен рок не ги отстрани утврдените неправилности и недостатоци. (чл. 30 од ЗИДЗБЗР/окт.11) Освен работодавачот - правно лице, со дополнителната интервенција кај прекршочните одредби за прв пат се нормираше и глоба за работодавачот – физичко лице и тоа во висина од 700 евра во денарска противвредност за прекршоците од I категорија, (чл. 4 од ЗИДЗБЗР/фев.13), глоба од 1.500 евра во денарска противвредност за прекршоци од II категотија (чл. 5 од ЗИДЗБЗР/фев.13) и глоба во висина од 4.000 до 5.000 евра за прекршоците од III категорија. (чл. 6 од ЗИДЗБЗР/ фев.13) Од останатите промени значајно е да се спомене и промената која ја претрпеа основните одредби, со што се дополнија органите за кои нема да важи(!) овој закон, па така одредбите од ЗБЗР, освен за вооружените сили, полицијата, во некои посебни активности на силите за заштита и спасување, нема да се применуваат и за работниците во Царинската управа. (чл. 1 од ЗДЗБЗР/окт.13) 98 ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ Законот за инспекцијата на трудот е донесен во 1997 година87 и со него се уредуваат организацијата и работата на Државниот инспекторат за труд, државен орган кој врши инспекциски надзор над примената на законите и другите прописи за работни односи, вработувањето и заштитата при работа и на колективните договори, договорите за работа и другите акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавците во областа на работните односи, вработувањето, како и заштитата при работа. (чл. 1 од ЗИТ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Имено казните кои се предвидуваат во стариот закон се движат помеѓу 3.000 и 5.000 евра во денарска противвредност, додека пак во новиот закон истите се движат помеѓу 400 и 1.000 евра во денарска противвредност. 71 Закон за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 06/12.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Прекршочните одредби од овој закон нормираат дека глобите за прекршителите на Законот ќе се движат од 400 до 1.000 евра во денарска противвредност, во зависност од повредата и органот, односно лицето кое ја извршило повредата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач доколку во рок од една година го повтори прекршокот, а државниот инспектор за труд ќе донесе решение за забрана на работата на работодавачот во траење од 15 дена, за кој период ќе биде обврзан да исплати минимална плата и социјални придонеси за вработените. (чл. 1 од ЗИЗМП/дек.14) 118 ЗАКОН ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување е донесен во 2008 година122 и истиот беше предмет на анализа и во првиот дел од оваа трудово - правна студија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Износите од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност се намалуваат на 800 до 1.200 евра за одговорно лице во Агенцијата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Казните, пак за одговорното лице кај работодавачот се зголемени од 15.000 - 35.000 денари на 1000 2000 евра во денарска противвредност, а пак казните за физичкото лице кое самостојно врши дејност пораснаа од 35.000 - 50.000 денари на 1000 - 2000 евра во денарска противвредност. 89 Закон за изменување и дополнување на Законот за инспекција на трудот; Сл. весник на РМ, 164/2013.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се додава и нов ст. 3 во чл. 100 кој предвидува глоба од 200 евра во денарска противвредност за невработено лице кое од страна на инспекцискиот орган ќе се затекне да работи спротивно на законот на самото место. 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со истата измена е направено и дополнување во истиот член при што е предвидено дека дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не ги информира вработените, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој ризик на работното место како и за безбедносните мерки за елиминирање на штетните последици.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исто така, се предвидува и глоба во износ од 3.000 до 3.500 евра во денарска противвредност да му се изрече на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите за сторен прекршок, доколку изврши исплата на плата, дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок, а не пресмета и уплати придонеси во пропишаниот рок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во однос на прекршочните одредби во оваа измена, истите се намалуваат, т.е. од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност се намалува на 1.500 до 3.000 за самата агенција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Прекршочните казни за работодавачот пред измената беа од 150.000 до 250.000 денари, а сега се од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност, што значи дојде до промена на валутата и до зголемување на минималната казна која може да ја добие работодавачот доколку не ги почитува законските одредби.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Работодовачот во соработка со организаторот на практичната работа треба да изготват план за работните места кои се безбедни за извршување на практичната работа за студентите во рудниците во рамки на образовната програма. (чл. 9 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Со истата измена е предвидено дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не им овозможи на вработените непосредно или преку претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во утврдување на недостатоците како и во подобрување на условите за работа, како и доколку не се консултира и соработува со вработените и погоренаведените претставници за опасностите и последиците кои произлегуваат од изборот на работата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Мислев набрзо да се отарасам од неа и да си купам нова кола, инвестирав 0 евра во моторно масло и останати делови.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Домаќинлакот беше поврзан со кафето, а не со не знам колку илјади евра во домашното чекмеџе.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Со неа, покрај тоа што настанаа промени во висините на казните (чл. 3 и 4, ЗИДЗВОСН/авг.08), беше воведена и постапката за помирување како начин за наплата на паричните каз- ни, согласно новиот Закон за прекршоците од 2006 година (чл. 5). 13 Глобите што беа предвидени за работодавците-правни лица се намалени од околу 3.200 до 4.900 евра на 2.000 до 4.000 евра во денар- ска противвредност, додека кај глобите за работодавците-физички лица (поранешните поединци што вршат занаетчиска или професионална дејност) дојде до намалување на минималната (од околу 600 10. Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Сл. весник на РМ, 130/09. 11. Согласно чл. 24 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Сл. весник на РМ, 106/08. 12. Согласно чл. 3 од истиот Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи и Одлуката на Уставниот суд, У. бр. 134/2005-0-0 од 29 март 2006 година. 13. Закон за прекршоците, Сл. весник на РМ, 62/06. 88 на 500 евра), а зголемување на максималната казна (од околу 800 на 1.000 евра).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Зголемени се и казните за работодавачот кој не обезбедил средства за плата, придонеси за плата и надоместоци – од 100.000-200.000 денари (околу 1.600 до 3.600 евра) на 3.000 до 4.000 евра во денарска 1. Закон за агенции за привремени вработувања, Сл. весник на РМ, 49/06.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Согласно законот од 2007, највисоката казна што работодавач може да ја плати е 5.000 евра во денарска противвредност, наспроти максималните 80 плати кои беа предвидени со законот од 1978 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сега, за прекршок по основ на овој закон, работода- вачот ќе треба да плати глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност (чл. 4, ЗИДЗИПРМ/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За издвојување се: прво, зголемувањето на минималната казна за работодавецот од околу 400 на 2.000 евра во денарска противвредност ако не ги води или неуредно ја води евиденцијата за вработените работници, за потребата од работници, за платите, за повредите при работа, за штрајкови организирани кај работодавецот и евиденцијата за корисниците на права од инвалидското осигурување (чл. 4); второ, зголемувањето на казната за истиот прекршок за директорот, односно друго одговорно лице кај работодавецот од околу 80 до 800 евра на 1.000 до 5.000 евра (чл. 4) и, трето, зголемувањето на казната од околу 30 до 300 евра на 200 до 500 евра за работниците кои 1. Закон за евиденциите од областа на трудот, Сл. весник на РМ, 16/04. 2. Закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот, Сл. весник на РМ, 102/08. 190 нема да пријават промена на податоците запишани во евиденцијата за вработените работници, односно за невработени лица, ако се невработени, ако даваат неточни податоци или ако заминат на работа во странство, односно се вратат од работа во странство, а во пропишаниот рок нема да се пријават во Агенцијата за вработување (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, по три години од примената на новиот ЗРО (2005), со неговата прва измена од август 2008, на директорот, за сторениот и констатиран прекршок ќе му се изречеше глоба од 1.000 евра во денарска противвредност.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај тоа, воведена е можност, за овие прекршоци, на работодавачот на самото место да му се изрече глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, при што поканата за плаќање на глобата на сторителот на прекршокот му се врачува на местото на прекршокот (чл. 3, ЗИДЗАПВ).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
При тоа, доста контроверзно, предвидена е и глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ако тие не достават вакво известување до Управата за јавни приходи (чл. 29).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имајќи предвид дека просечната исплате- на нето плата во РМ е 20.240 денари, 4 а средниот курс на еврото во моментот на пишувањето на оваа анализа е 61.5 денари за едно евро, казните кои работодавачите, самовработените и одговорните лица за вработувањето на странците треба да ги платат доколку не се прид- ржуваат на одредбите од законот, се многу помали од пропишаните во законот од 1978 година (чл. 39-49, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)