евангелие (имн.) - на (предл.)

Ене сум, оној до кого не ќе може да се стигне според ниеден патоказ и според ниедна мапа: развеано евангелие на немирот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Собата на вокалот Е во која страдањето се поставува над сите знаења на светот („Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш“) претставува „книга на болниот“ во која се бележи поетовиот обид да се преименува себеси, да се допише и дообјасни, да се дефинира како „развеано евангелие на немирот“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)