дуќан (имн.) - не (чест.)

Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дуќанот не е за седенки, а јас веќе третпат те наоѓам овде распиштолена!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)