И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во Градешница фрли мерак на убавата Неда Романова, та го натера стариот поп Тодора да го венча горе во ливадите; во Старавина и го слушна гласот на Марија Милетова кога го опљачка Сивета и, кога ја викна да ја суди што одела со Мушон Евреинот од Битола, кој имаше дуќан во Старавина, место да ја осуди, тој се загледа во неа и си ја фати посестримка за тоа село; во Бзовиќ пак се фати свети јован со Петрета Мијаков заради неговата млада Севда; во Вепрчани со Јана Којдова, и така со ред, та и од таа страна си го уреди животецот: да не му врви времето напразно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ризо Ушков ги прејде преку Црна и во Гудјаково им ги теслими на Ивана Колев и Стевана Војчев, овие му ги предадоа на Димитрија во Вепрчани, кој ги одведе до поп Пана Мицев во Беловодица и за неполни два дена, односно две ноќи, се најдоа во Оревоец, откаде Диме Бачко го извести прилепското раководство на чело со Јордна Стамболџија, Јован Грабула, Алексо Гермовчето и Алекса Бајракот, та дојде и до средба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Отворањето на дуќанот во најтешката криза беше непромисленост што брзо доведе до својот разбран крај: по неколку месеци дуќанот фалира.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
ВО ИСТАНБУЛ секој тргува: од оние во што целата сергија ја носат на раце, па до оние што имаат дуќани во „Таксим“ - најелитниот и најбогат реон на градот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа го направив повеќе од атер кон Крумета Волнаровски, но подоцна таа работа се покажа интересна и исплатлива.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Заради работата околу Прифатниот центар го запоставив златарскиот дуќан во Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Го знаеја сите Белиот дуќан во градот Украсен со црни гредички по ѕидовите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Каква вода“, подзеде сега и Сотир, “првин да видиме за тоа што се зборува, дека и двава дуќани во Маказар си сакал да се продадат на тој Шане?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Многу е виновен, му ги открила тајните картички и чудни необјасниви одливи на пари од нив, па ќе мора цел град да го пројде со нејзе за на крајот да го врати во првиот дуќан во кој влегле утрово и сè од почеток...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Секое претпладне ти пржеше свежи, тукушто купени џигерчиња, заедно ги пеевте „На срце ми лежи“ и „Миле Поп-Јорданов“, те водеше со себе во дуќанот во Чаршијата и додека, со окуларот на десното око, ги испитуваше зголемените механизми на часовниците, ти трчаше околу, од еден дуќан во друг.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Десетина илјади Ерменци биле убиени по улиците, по своите домови и дуќани во Цариград.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Убав свети Ѓорѓија, што чудо беше ова? Внатре, со многу дуќани во кои се продаваа памучни ткаенини, коприни и везови, производи на папуџиите и копчарите, чадори, со сокаци убаво калдрмисани, чисти, безистенот личеше на малечок град изделен од секаква нечистотија и човечка несреќа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Така и Марко, не знаејќи колку му е сличен, седнуваше на привечер, пред да го замандали дуќанот во Скопје, седнуваше сам крај своите ибрици и синии што ги беше направил, покроце и на јаваш да прими малку од огревањето на нивниот матен сјај.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Си има свој дуќан во Битола, таму, малку погоре од сато.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тогаш го прочита за него важното име на градот Битола во весниците, зашто прочита дека во одмазда за злосторот, локалното население запалило голем број дуќани во градот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Вујко им, кој имаше фотографски дуќан во Солун, и тој пргав и агилен каков што беше, отсекогаш гледаше подалеку од сите нив и од неговото сопствено, и од останатото семејство на жена му. Вечерта откако децата отпатуваа, Моше и Нина не можеа да заспијат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А поминала и преку мостот, на другиот брег.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А потоа наеднаш, како ништо да не случило, ќе се пожали дека ги поминала сите дуќани во центарот од стариот до дрвениот мост.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)