Човечката душа, Аристотел ја разбира како супстанцијална форма на човечката индивидуа која се состои од материја и форма, како што е тоа случај со секоја супстанција на земјата, нагласувајќи при тоа дека човекот, како индивидуа, е тој што делува, а не само душата, како што е водата таа што мрзне, а не природата на водата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Обидот на Аристотел поинаку да му пријде на односот меѓу душата и телото и да го надмине остриот дуализам на Платон, со појавата на христијанството паѓа во заборав.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На татко ми кога беше со Чанга, му се отвораше душата и од неа излегуваше птицата на стравот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Вака сѐ мораше да се решава во големата душа и намаченото тело на мајка ми, таа света заштитница на портите на откорнатичкото семејство кое го имаше проклетството Балканот да му биде татковина...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Песната извира од длабочината на поробениот Македонец, со векови пластена во неговата душа и се лее, се шири и далеку се носи низ пиринскиот крај на Македонија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Солена пот им се лее од нивните поцрнети лица.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И му остана тага на душата и неисполнета желба, што потоа во животот непрекинато се трудеше да ја исполни.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Некаква леснина ни бликаше од душата и нѐ тераше распалавено да се влечеме низ падината.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој излезе десетина метра напред со своите осум души и коњот и фати здрава пусија, оставајќи го Ќосото со коњот на два метра зад себе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Колку молњи собира во скафандерот, има ли молњата душа и како се влегува во душата на молњата?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Јадна бабо, писана ти бабо, гледам твоја тага, гледам, бабо, тешко ти е, на душа и срце.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Знаеше дека Велевата душа и без неговите приказни го чувствува животот повеќе како приказна отколку што го сеќава таков, каков што си беше за аргатите, тежок, безмилостив, волчи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пламенот на ревноста ми ја опфати душата и јас заживеав адски дни...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го разгори огнот, ги загреа малку рацете и нозете, па легна изѕемнат и во душата и во телото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За него сѐ имаше душа и сѐ можеше да му биде соговорник.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Можете да слабеете колку што сакате, но мрсните клетки се секогаш тука, чекаат на својот миг за ревитализација. Trash-от е експанзивен, trash-от има упорна душа и пустински навики.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И тајната за тоа лежеше во дното на неговата душа и тој се движеше како во некој самрак, што некогаш се закануваше да се згусне во темница, нешто што никогаш не се случи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Одново сега го гледам тоа стебло, се смалило, изгорело, се исушило и колку подолго се загледувам така одново го слушам тој познат глас што ги исцелува душите и од кој зацрвенуваат плодовите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Јаснотија ѕирка од зад синилото на хоризонтот. Јасни мисли, бистри, а на душа и намери чисти.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Со словата и сочиненијата работите стојат така: штом ги препишеш, им ја губиш душата и душа поинаква тие добиваат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
1. Ние сме: душа и тело; Господ е: душа, тело и Бог.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По неколку поминати чекори затворив очи и празнината обрасната со пиреј и диво зелје ја полнам со куќите на Нановци, Дамовци, Пурдовци, Ласкини, Поповци, Доновци, Љаповци, Пинѕовци, Пеновци, Шкокловци, Трајковци, Наковци, Пандовци, Фиљовци, Гуљовци и другите до бројката 54 родови и куќи под чии покриви живееле 400 души и уште педесетина на гурбет отидени отаде големите води.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ни остана, чедо, ни остана голиот живот, болката, маката, чемерот, оболената душа и мачната надеж на чекањето... и овие раце и рамената... со кои станавме дел од бурата што надоаѓаше сѐ побучна и пострашна...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во неделите не одев во домот на Рајнер, затоа што дома не знаев како да се оправдам, бидејќи тогаш библиотеката беше затворена за читателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ми годеа темнината и тишината на храмот. Тие ми го поземаа талозите на душата и ме олеснуваа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И не жалам, зашто знам оти сум смртен и не тажам зашто на Господ му ја ветив мојата сенка, мојата душа и тој ја избра меѓу убавите семиња на светот за Бродот од селото Бродец, со кој управува Утнапиштим дален, а кого вие го нарековте Ное.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
85. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Петроград сме далеку од Бугарија, та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Веста била удар од кој можело да се падне ничкум и да се гризе камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сличен на мудроумен и видовит старец, збрчкан од тежини што му ја притискале преморената душа и бушав од игра на ноќни ветрови, Лозан Перуника дошол на испотен шарколија и ги избројал пред насобраните луѓе и жени гробовите што живите од дружината им ги ископале на мртвите: останале патем рабите божји Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јанко Крстин, Пеце Димовски, Борис Калпак, Симон Наконтик, Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Пандил Димулев, Никола Влашки, Сандре Самарија, Самуил Пендуш, Филип Макариев, Никифор Ганевски, Илчо Просинек, Каменчо Скитник, Орлен Шумков и Јаков Иконописец, кои со ранетите Чучук-Андреј, Метуш Батковец и Цене Папчев можеле да бидат прогласени за дваесет свети и пресвети маченици, безбедниот Јаков Иконописец, без тој апостол со душа на вероизмамник од чиј оган горел Круме Арсов (ако починал, бог да го прости), и отишле или бегале од дружината Васко Тушев, Цуцул Мицковски, Осип Сечковски, Салко Вадидуша, Трипун Караѓоз, Гидоен Кузмановски, Блаже Задгорец, Марко Марикин, Пане Долгманов, Кирил Сукаловски, Јордан Шоп и последниот, сѐ уште негде на пат, Спиро Првославец, ако е некој виновен - господ нека му суди и се враќале со камења за неколку воденици и со тројца ранети Онисифор Проказник, Јован Стојче-Столетников, Герасим од Побожјане, Богдан Преслапец, Лазар Аргиров, Наџак-Јанко, Арсо Арнаутче, Цветко Грнар и Богоја Гулабарин, споулавен и зол колач на беспомошен раненик, и еве го него, Лозан Перуника, гладен и жеден гласник, од чие бавно и тешко редење на имињата до бога раснеле тажачките на жените и плачот на децата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш без никакви стеги можеме душата и мозокот слободно да ги пуштаме на „пасење“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во жената сум јас целиот и со душа и со тело.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа навлегла во неговата душа и не може да се оттргне од нејзината сила.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стисни ме силно во себе, со силата зголемена со масата или маката во душата и склопи ми ги очите за да го преспијам повторното привикнување на постоењето на другата половина од коренот што се искуба, па сега се сади сам, како триаголник на до вчера самоникнатите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И вслушувајќи се со ослабнато внимание во утањето на утките од под стреите и на бувот од Камен, и чувствувајќи се некако, победител над нив и над сѐ што тие можат да искобат, гласно повторува: Значи така, значи така, тој, Максим Акиноски се обидува да го припрокрене мракот од душите и умовоте на славјаните во Потковицата и да пушти светлина во нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тивко е; само кобењето на утките од под стреите и на бувот од камен му ги разбиваат и душата и срцето и умот. Ууут! Ка-ка, ка-ка-вау! Ууут! Ууут! Ка-кавау! Ка-ка-вау! Ууут! Уут! Бууу! Буууу! Буууу!..
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дека му се случило нешто на некое од децата, или дека му се случило нешто на Јосифа, или дека, или дека, а кога Јосиф со испрекасан здив изустува Некој дојде во Потковицава, по Градишки Пат, една единствена помисла, еден единствен ужас, оној од пред толку години, кога `Рслан бег и другари му ги исклале сите возрасни Акиноски, му ја згрозува душата и му ги посекува нозете во колената.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па и тој носи душа и знае што боли и што не боли. Што блажи и што горчи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од вратата ѝ даде бискупски благослов и замина засекогаш. - „Верувај ми“ - беше последното што ѝ го кажа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа беше чудо: првпат во нејзиниот живот ја разбираше маж, кој ја слуша со сета своја душа и не очекува во замена да спие со неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа се вовлекува во неговата душа и ја пребарува со невидливи страсни прсти.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој ја истражува непознатата земја на нејзиното лице со пламнатите очи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Татко со големо внимание го слушаше својот пријател, кој се чини за прв пат во една голема исповед го ослободуваше тоа што беше длабоко потиснато во душата и можеше да дојде до катарза во исклучителни околности или да остане засекогаш потиснато во него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зборовите го заземаат обликот на душата и го исполнуваат интимниот круг на мислите.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
- Еден остров во Дубаи содржи парче душа и уморна насмевка.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
„Ма не, тој е пред се хуманист со многу широка душа и оштра интелигенција.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
А страдаа илјадници невини деца, семејства, на кои земјата која ја претставував им помагаше...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше Мајка голема душа и сочувство за страдањето на другите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ама умрениов човек е наш и на нашиот господ, со душа и срце е наш, тоа ви го велиме сите ние овде собрани.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- ГРУТКА СНЕГОВА МИ ЛЕГНА ВО ДУШАВА И НЕ СЕ ТОПИ... АМА ТОЈ ЌЕ ЈА СТОПИ - И ВЕК ЌЕ ВЕКУВАМЕ... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се преслече и влезе во лабораторијата да продолжи со работа, чувствувајќи свежина и леснина во душата и главата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Белким и во него има нешто душа и исав.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. Не знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Кревкиот соживот повторно прета се градат ѕидови во неколку гета сеуште глумат братство единство а душа им гори за етничко чисто Чувај не Господе од искариоти превртливи души и квази патриоти со устите полни за народ да се сплоти а гз ќе им зине за куфер со банкноти На телевизија невиден смрад будно не следи Големиот брат очајни луѓе, морална криза калаштури штури за анализа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Проклетници говори за грешници лузери, скотови, ветерници за сите маченици и штетници за ситни души и неверници
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Изградив кула од зборови Со златни кровови, Со бели дворови, Изградив кула од зборови Во кулата ширни одаи Во одаи занесите мои, Од виденото и сетеното Од тајното и сокриеното: Една одаја за гревовите, Една одаја за зборовите Третата за стиховите, Во темелите стремежите и надежите, Под нив тагата и прелагата, Најдолу душата и снагата.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Жена му на Танаил, слушајќи ги тапаните и свирките, пеењето и викањето во дворот на Китан, велеше со јад во душата и со подбив: - Ха!
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Да ја распалам твојата болна душа и да ја разбудам својата. Таа имаше мал белег под десната дојка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нешто топло и мило му се разлеа во душата и тој се сети на песната: „Зора зори, ден се бели“.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И таа забранета јаболка што ја отру душата И прогонети во времето што нѐ остави сами - Амин.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Врти се роју умен, вртлогу
ти кој си на небо, биди на земја
вртилишта, улишта, восочни легла
рам-меморија на приземје и кат давам
за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет
меден збор, афродизијак
и медовината капната од небо ти ја давам
на серафим налик и на мираз
од нечија блага душа
и изблик на вечноста ти нудам
„гола како кокошкин врат“
за да се собереш, сакана
да дојдеш на врв врба
во моето гнездо озарено со етер
со екстракт од масло
со медоносно билје
ти нудам енигматични игри
крстословки, ребуси
пополнување на празнините и сотките
осмислување на келиите -
безбројните восочни клетки
ко минијатурни смрчки
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ферментира стравот, срам и проклетство ме обземаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Леден здив да ми ја разбранува крвта додека ме заспиваат песни љубовни, додека ме галат очи љубени, додека ме будат усни јагоди црвени, сила да ми дадат чисти бели вистини, не се плашам од висини ја отварам душата и летам на крилата на пеперутката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Прегрни ме, утешиме, кажи ми некој едноставен убав збор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- „Може ли во болка да се сака?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- „Што е со тие изгубени души кои на раскрсницата на животот засекогаш ќе го изгубат патот за да ја пронајдат смислата на своето постоење?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ја отворив душава и градиве, длабоко во нив сѐ уште имаше место за непредвидливите бранови на животот, креативно создавање, раѓање и умирање во хаосот и хармонијата на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тогаш кога немаме храброст да го живееме животот така како што сакаме ни се крши душата и стануваме кукавици, предавници, издаици на сопствените соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Порешително од кога и да е, цврсто да застанеме на земја, да ги сублимираме животните вредности и да пронајдеме хармонија во душата и рамнотежа во просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Слободата е секојдневен предизвик, а триумф е кога мирно ќе заспиеме без грижа дека некому нешто должиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Јас го изгубив сопственото „јас“, тебе ти го подарив сопственото срце, душа и име, не знам кој е ден ни месец, водам борба со себе и се презирам светот, како целиот свет да е крив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Заборав наместо да се нуди, живот, исполнет ден и надеж, полн џеп со душа и душа полна, со деца кои безгрижно ги гледаш како раснат, а со нив и ти душевно раснеш, повторно и повторно, исти немири, намерни убивања, растргнувања, палења и поткусурувања, на идиоти без сива маса освен за пари црни.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
За покој и смирение на нејзината душа и за долг помен, четириесеттиот ден отидоа на гробишта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така загледани, седиме ние на прагот од тоа што беше куќа, а јас се обидувам да се вгледам во очите на старичката и низ нивниот блесок да влезам во нејзината душа и да проникнам во нејзините чувства.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Блажен, оживувачки, неискажлив бран на радост во душите и срцата; блика радоста од очите, од солзите, од образите, избива од секој збор и довикување, од плачот и :воздишките, напојува, озрачува, исполнува и овладува...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се нашле сродни души и еден ден кога отидов да ја посетам таа ми рече дека нашла нова љубов.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Опседнати сме од онаа песна. Ги исполнува нашите души и исклучува сѐ друго, освен жедта. Постојано ја повторуваме.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А ако се гребеше и во татковата душа и таму ќе се откриеше еден крај друг верски слој, помирување или рамнодушност кон обата. Но, не и атеизам...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во трагичен и гротескен колаж на извлечени сакрални делови од верските храмови од трите вери, со цитати и плакати, со содржини со кои се одречуваат душата и верата, и овде се допира трасцендентното, централно прашање: што по смртта на човекот?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Љаке, да не нѐ земеш на душа, море. - Нема на душа и не на душа. Ова е офисиелмон.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Иако сомнението, повремено, како искрата на црната недоизгасената гламна, болно блеснуваше во неговата душа и при најмал провев.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Луѓето по душа и срце можат да личат еден на друг, ама и физички да биде така, скоро е невозможно.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Без нога и со пустина во душата и срцето го сретнавме во Гаково, во Војводина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Со целата душа и целото срце ја почувствував радоста на мајка Роса, ама во исто време годините што останаа зад мене ме наполнија со болка!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ми гази по душата и сѐ повеќе ми тежи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сѐ му се гледа во очите, што се вели, му се гледа и душата и сѐ друго што не се гледа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Никој не можеше да допре до мојата душа и срце. Бев стегната како студен камен.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Како и да е, јас се радувам од душа и нека си зборуваат Груевци и компанијата, тие мислат и другата година да не го дигнат востанието, но како и да е, тоа само по себеси ќе дојде...’ Така заврши Сарафов воодушевен од новината солунска“200.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Малчо, како што рековме отпрво, беше малку необично дете, имаше во неговата душа и малку злобност и среброљубивост и скржавост.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)