душа (имн.) - како (прил.)

Ама пак да не рече после оти невидена појду, нека дојде најпосле и он утре со дедот Петка, па и нека ме виде, немој утре пишман да се праве, да ви а к'не душата како на дедот Петка, така и тебе, а мене да ме тр'е сол на главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кревалката е да крева оловни товари од душата како што соколот се крева кога ќе здогледа лично моме.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ние често останувавме гладни, но со богата душа како што ќе нагласеше Мајка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А сега, на моменти, троа убаво, а најчесто многу грдо, како од гериз, избива од дното, од дното на душата, омразата скорешна и стара, мириса, но и смрди, ух, луѓето како одврзани од синџир, ослободени, душата како пуштена од темното, ослободена со сите страсти, со одмаздничките и со подбивните.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)