душа (имн.) - мој (прид.)

Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Мајката, сета избезумена, зајдена од липање, со пуштени нечешлани коси, ги граба Корилчета и Верка: „Елате, душички мои, елате да си ја видите цеца ви“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас и два живота да живеам нема да се доволни да простам и заборавам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никој нема да ти го допре срцето, зошто таму е моето срце, во твојот поглед е мојот лик, во твоите очи мојата убавина, на твоите усни мојот копнеж, на твојата душа мојата љубов, на твоите гради мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„А, сега што?“, ме прашува, душа моја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кирил Богомолец: „Лествичникот добар предлог дава“. Григориј Богумил: „Душата моја со вас е“. И јас, Иларион Сказник а Мозаичник: „Еднодушен сум“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само душава моја е столчена, а телото изгазено, зашто сум далеку од моите три деца, кои ги оставив во племњата и в раце на Османлијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ТОМЧЕ: Стојанке, гулабице моја, душо моја! (Сака да ја прегрне.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЧЕТВРТА ПОЈАВА ТОМЧЕ, СТОЈАНКА И ЕФКА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имав еден број анотации. Последното што сум го напишала на листот во машината беше еден испис од Библијата: „Кажи ми ти, кого го сака душата моја!“
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дали смрдеата ми дојде од ногата или од здивот, од душата моја?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Душо моја, каде си побрзо да те видам? (чита во себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Дедо ти Борис ќе ми те научи сѐ, душо моја.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Вие сте ми драги о, спомени мои, во душава моја сакам да ве згрнам!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Това мислеиќи, дошла у една црков Богоматери и се застојала пред иконата, плакала неутешно, от многу слзи сета црков се намокрила, и рекла: „Сладчајшаја моја Богородице, не остави душа моја да иде на мучение, да не бидам самоубијца, — и немам дека да идам.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ви се молим да ме не убиете бирден, ами да ме почекате, докад да си учиним душата моја теслим Богу.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Мораше да почека да се излее згрутчената солза што ѝ се создаде во грлото. – Зајаче, душо моја – воздивна. Солзите ја совладаа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се предаде. И покрај тоа, ја однесоа во павилјонот наменет за агресивни пациентки, ја смирија со млаз студена вода од цревото и ѝ вшприцаа терпентин во ногата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му ја кревам главата, му ја бришам устата од крвта што му се потсирила и го бацувам в лице, в уста, му ја давам душата моја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)