Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А јас еве доаѓам овде, божем да го земам клучот, за да не ми остане душата затворена.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Карл Хајнрих Улрихс, првиот политички активист за еманципација на хомосексуалците, кој почнал да пишува на почетокот од 1860-тите години, се опишал себеси со една прочуена латинска фраза како женска душа затворена во машко тело (anima muliebris virili corpora inclusa).45 На Вестфала му биле познати неговите дела.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)