душа (имн.) - војник (имн.)

Нека пцовисаат до еден зимоска од студ и глад — им зборуваше Бахтијар на бимбашиите кога ги испраќаше на зимување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така направи. Четири бимбашии со по илјада души војници остави да зимуваат по селата во Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дишери, дишери, дишери, ) — и не чекајќи овие да излезат, ги фаќаа за раменици и ги исфрлаа како партали во дворот на дождот и снегот сред вириштата и калта до колена.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)