душа (имн.) - нема (гл.)

Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мислам дека ќе сретнам некој, ама нема џан-џин, што се вели, жива душа нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Душа немам да не му згазам некому на главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегам и само се обѕрнувам: душа немам да не иде некој по мене и пак да ми го земе детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МИХАЈЛО: Жива душа нема по улици. Само ќопави кучиња. Сите на свеќи се молат да биде добро.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Х., тврди дека од човечкиот организам по смртта остануваат толку килограми и грамови нитросодиум, стронциум, калциумов карбонат, калциумов фосфат, колагени влакна, вкупно 43,750 килограми, а дека душа нема ниту милиграм!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ѕирнав, жива душа немаше. Решив сама да си командувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пукањето не беше толку интензивно како порано, но не бев сигуирна на која страна да отстапувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Падна, сине, ти на трава в то широко поле, душа даде, душа нема, без да кажеш слово ни за мајка, ни за либе; крвта ти истече как на рудо, сине, јагне, младо и безгрешно!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
А никаде жива душа нема.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)